„Викторија сикрет“ размислува за плус сајз ангели

Десетте нови ангели на Викторија сикрет беа и официјално промовирани во јавноста, но сега во компанијата за долна облека размислуваат на уште една новост – вклучување во редовите на ангелите и плус-сајз модели.

Ќе биде ли Робин Лоули една од плуз сајз ангелите?

Ќе биде ли Робин Лоули една од плуз сајз ангелите?

Размислувањето за вклучување на плус сајз модели кои ќе ја промовираат оваа популарна марка многумина од модниот свет го поддржија и охрабрија. Да се потсетиме само дека Викторија сикрет неколку пати беше обвинувана дека форсира „совршени“ тела, а една од кампањите на оваа тема (Совршено тело) неодамна беше повлечена, односно слоганот во неа беше заменет со „боди за секое тело“.

По бранот на поддржувањето на „боди позитив“ кој беше инициран од страна на неколку влијателни модни списанија, вклучувајќи го и Вог, изгледа дека модната марка за долна облека одлучува да ја промени својата „филозофија“ и да се приклучи на трендот.

Меѓу следбениците на модните трендови веќе се зборува кои плус сајз модели би можеле да станат ангели, а меѓу најспомнуваните имиња се Робин Лоули, Оливија Кемпбел и Тес Холидеј.

x

Check Also

Инспирирајте се од вежбите на Кристен Бел

39-годишната глумица Кристен Бел не повикува да вежбаме. Убавата американска глумица блеска ...