Вимавајте на децата и на кучињата, еве колку бргу температурата во автомобилот се искачува над 50 степени

Научниците докажале колку време е потребно за во жежок ден во автомобилот температурата да достигне и до 60 степени целзиусови.

Резултатите алармираат на максимално внимание – само за 1 час температурата во автомобилот паркиран на сонце на 35 или повеќе степени, расте до просечни 47 степени.

Контролната плича во автомобилот била се уште жешка со просечни 69 степени, воланот со 53 степени, додека седиштата се загреале до 51 степен целзиусов.

Температурата е нешто пониска во автомобил паркиран под сенка, но и понатаму е доста висока. После еден час внатрешноста на автомобилот се загреала до 38 степени, конторлната плоча до 48 степени, воланот до 42 степени, додека седиштата во просек се загреале до 41 степен.

– Замислете само како се чусвтвуваат едно дете или едно куче кои се затворени во автомобил кој станал рерна, апелира Ненси Селовер, климатолог од Универзитетот во Аризона. Научниците додаваат и дека секој кој седи затворен во автомобил дише, и дека со секој здив испушта влага во воздухот.

-Што е поголема влагата во воздухот, лицето потешко може да се разлади со потење зашто потта не испарува така брзо, објаснува Селовер.

 

x

Check Also

Вистински кујнски помошник – колку минути заштедува машината за садови?

Сите сакаме да имаме повеќе слободно време за семејството и најблиските пријатели, ...