Винаријата Бовин прослави јубилеј 20 години

Бовин, првата приватна винарија во Македонија, од која започна трендот на поголем извоз на флаширани македонски вина, како и развојот на винската култура во нашата земја, прослави 20 години работа.
20 години цврсто посветени кон своите основни принципи: беспрекорност во квалитетот, највисоки производни стандарди, употреба на квалитетно грозје од сопствени лозови насади, со цел да пласира врвни вина на домашниот и меѓународниот пазар

Пред голем број на гости од земјава и странство, амбасадори, јавни личности од политичкиот и општествениот живот во земјава, љубители на доброто вино, се обратија сопствениците и основачи на винарија Бовин браќата Кирил и Ѓорги Богевски, кои во таа прилика изјавија:

– Кога почнавме да го градиме Бовин, многумина се сомневаа дека ќе опстане, затоа што покрај нас работеа винарии со скоро 100 милиони литри, но тоа не не обесхрабри. Сакавме да направиме нешто ново, што ќе се разликува, верувавме во нашата визија.
Верувавме во она што го правиме! Имавме врвна суровина, врвно грозје за производство на вина, квалитетна технологија, го донесовме во тоа време најдобриот стручен кадар, за да на крај создадеме квалитетно вино. Можеби имавме и малку среќа!. Ние никогаш не правевме копија од вино, и секогаш се трудевме да направиме нешто ново, уникатно и посебно!

Од 1998 година Бовин го следи сопствениот пат на производство на висококвалитетни вина, од кои се бара шише повеќе, вина направени само во тие години на берба и во многу ограничени серии од неколку илјади шишиња. Бовин е бренд што чекор по чекор го освојува целиот свет. Тиквешкиот регион, има идеални почвени и климатски услови за одгледување на виновата лоза. Имаме идеи, визии, проекции кои се обидуваме да ги спроведеме. Бовин е нашиот живот.

Модератор на настанот беше нашиот познат глумец Сашко Коцев, кој изјави дека
“Компромис може да правите во врските, но не и кога станува збор за виното. Кога бирате вино треба да го одберете најдоброто. А токму такви се вината на Бовин – вистинско богатство на вкусови, направени за уживање со сите сетила, кои откако еднаш ќе ги пробате, повторно сакате да се вратите на нив!


Бовин во моментов нуди дури 34 различни вина поделени во четири сегменти: Quality, Superior, Barrique и Dessert, а во својата гама на производи нуди и три вида на ракии, како и шерибренди.   Од Бовин доаѓаат најдобрите и најскапите вина во Македонија и регионот, вината My Way, A’gupke, Imperator, вина за кои мора да се поклопат многу работи за да настанат.
Винарија Бовин 20 години континуирано инвестира во подобрување на квалитетот на своите производи. Во моментов извезува во 37 земји во светот, Јапонија, Северна Америка, како и во многу од земјите во Европа.
Бовин може да го сместиме во групата на најуспешните македонски бренд амбасадори, односно македонски вина кои се меѓународно признати, и кои години наназад добиваат реномирани домашни и меѓународни признанија.
Во оваа јубилејна година, исклучителен успех постигна вранецот на Бовин My Way 2011 кој освои злато во конкуренција на вина од целиот свет на интернационалниот вински натпревар одржан во Рочестер, Њујорк.
Неговиот полн богат вкус со комплексни ароми на црно зрнасто овошје, во комбинација со чоколадни тонови, одлежано во дабови буриња предизвика силни емоции и вистинско задоволство кај стручното жири, кои без двоумење му дадоа највисоки оцени.

Сопствениците на винаријата пред новинарите дополнително изјавија дека Бовин, ги нуди најдобрите вина во Македонија, во однос цена за квалитет.
Ништо не е случајно! Ние 20 години инвестираме се со цел континуирано подобрување на квалитетот на нашите производи, а во исто време и да се овозможи нашите вина да се достапни до поголем број од потрошувачите во Македонија и пошироко. Лојалноста на нашите потрошувачи, извозот во 37 земји во светот, како и многуте награди кои ги имаме добиено се потврда за исправноста на политиките на Бовин. Бовин нема да сопре со инвестициите, бидејќи пазарот е област која исто така не мирува, и секој посакува поголем дел од него. Тоа е секојдневна борба на претприемачки и маркетинг активности за придобивање на повеќе купувачи. Секогаш се трудиме да бидеме уникатни, и во таа прилика би го истакнал Вранецот My Way 2011?  Направен од касна селектирана берба од 2011 година од сопствени дехидрирани гроздови на специфична локација на надморска височина од 700 метри. Од лозови насади стари повеќе од 50, 60 години, кои со годините успешно се прилагодувале на сите временски услови, за да преку традиционални и современи технолошки постапки се добие полно вино, робусно, кое  веќе на прво мирисање предизвикува експлозија од комплексни ароми на црно зрнасто овошје, кое стимулира веднаш да се проба. Го карактеризира вистинска топлина на овошје, во комбинација со чоколадни тонови, на вино одлежано во дабови буриња. Вината на Бовин дефинитивно се  направени за уживање!

x

Check Also

Лоба со нови deep house хитови Feel It и Над небото

Feel It на англиски и Над небото на македонски јазик се новите ...