Винчинијадата и грижата за вработените е долгорочен императив за Макпрогрес

Традиционално и оваа година Макпрогрес Виница организираше Винчинијада 2018, три дневно дружење на вработените со цел јакнење на тимскиот дух, стекнување взаемна доверба и зближување. Во период од 12-14 октомври, 250 вработени се дружеа во Хотел Регнум во Банско, забавувајќи се и разменувајќи корисни информации од своето работење.

“Макпрогрес Виница години наназад инвестира во своите вработени. Во нивна обука, доусовршување, во правилно распоредување на работните места, со цел секој да го даде својот максимум на работното место, а истовремено секој да се чувствува задоволен, сигурен и мотивиран. Вработените се најголемата вредност на една компанија. Од нивната мотивираност и задоволство зависат резултатите од работењето, a тоа се рефлектира на брендовите кои ги создаваат, на имиџот на компанијата. Затоа честопати организираме и неформални дружења за да разговараме меѓу себе, да слушнеме од нашите вработени кои се нивните совети и идеи, нормално во интерес на компаниските цели. Винчинијадата има за цел да го зајакне компанискиот дух, да поттикне заедништво и дружење, со цел постигнување задоволство и среќа кај своите вработени”, изјави г. Глигор Цветанов, извршен Директор на Макпрогрес Виница.

На Винчинијадата 2018 како голем интеркомпаниски настан, традиционално секоја година се одржуваат спортски натпревари во фудбал, кошарка, билјард, пинг-понг, трчање, влечење јаже, со однапред подготвени тимови и судии, а во кои сите учесници покажуваат силна посветеност, борбеност и тимски дух. И оваа година најдобрите добија вредни награди и признанија. Дополнително на самата вечера, беше организирана и хуманитарна лотарија со вредни награди како и  игри од забавен карактер.

x

Check Also

Павле Камилоски се здоби со признанието „Амбасадор на италијанската музика за 2019 година“

Извонредниот баритон, Павле Камилоски со својот музички талент и уметнички квалитет заради ...