Виножито, персонализирана уметност која трае вечно

Секогаш сакаме да најдеме нешто ново, поинакво и уникатно за подарок. Подарокот многу значи доколку е внимателно одбран, а персонализираните подароци се знак дека вистински ви значи личноста за која е наменет.

Секако, покрај за блиските, сакаме и да одбреме нешто за нас, за нашиот дом и семејство, а со тоа пријатно да ги изненадиме.

Секогаш е предизвик да најдете нешто ново и креативно, но благодарние на Фросина и Емилија и нивната креативна онлајн продавница ВИНОЖИТО никогаш повеќе нема да имате проблем.

Нашиот предлог е стринг уметност, тоа е персонализирана рамка со посебен начин на изработка и креирање на мотив согласно поводот. Изборот е голем и затоа ве покануваме да продолжите да читате.


– Пред да почнеме да креираме заедно секогаш подготвуваме многу подароци за сите пријатели, а и една за друга, никогаш не се знаеше кој ќе го направи покреативниот подарок, велат Емилија и Фросина.

– Рачните изработки ни беа хоби и на двете а најмногу се мотивиравме кога се ближеше нечиј роденден. Се започна со слатката маса која Емилија ја направи за својата ќеркичка, предходно јас не ни знаев дека може една декорација толку да го надополни роденденот и се воодушевив од целата вештина за изработката, така и почна разговорот дека таа вештина треба повеќе да се сподели.


– Јас пак отсекогаш бев пофокусирана на правање на креативни подароци и уживав во тоа. Така некако двете се најдовме во некоја заедничка визија да направиме страница каде ќе може да се најде сè за сите специјални моменти, декорации и подароци. Така дојде и името Виножито – шарено, разиграно и уникатно, вели Фросина


– Во моментов сме најфокусирани на подароците и целта ни е секогаш да смислиме нешто ново и уникатно за сите пригоди. На пример, сега голем дел од родендените се слават дома, па и покрај тоа што нема големи слатки маси спремаме различни типови на балони и интересни декорации за да се израдуваат славениците.


– Инспирацијата може да се најде насекаде, првичната инспирација беше преку правење подароци за нашите блиски. Тука можам да споделам и како дојде до идејата за дрвените плетени слики. Тоа всушност беше идеја за подарок, дома имавме многу неискористени парчиња дрво а се ближеше еден роденден.


– Имавме и доста цвеќиња кои ги употребувавме за подароците со вино. На Интернет случајно видовме многу интересни слики со шајчиња па обично јас лично не гледам туторијали туку веднаш пробувам нешто на мој начин да искреирам во пракса. Така и направивме слика за на ѕид искована на дрвото со шајчиња и со рачно напишан текст, a притоа и обожавам калиграфија, вели Фросина.

-По ова почнавме да бараме и нови начини како да ги правиме дрвените слики, па додадовме и фотографии, почнавме да правиме и целосно исплетени текстови, форми и слично.


– Секоја изработка бара многу време и посветеност за изработка, но тоа е и убавината во рачните изработки, добивате подарок за кој знаете дека е посветено време за да биде персонализиран само за вас.


– Како идеален подарок мoраме да ги предложиме подароците кои сега ни се најбарани а тоа се дрвените слики со еден од омилените дизајни кој и произлезе од желба за текст на една корисничка “5 years down, forever to go”.

– Ако пак немате идеја може да ни пишете нешто повеќе за вашата љубовна приказна и ние да испратиме предлог скица за подарок кој со сигурност ќе изненади.


– Виножито ни е едно место за се. Главен фокус во моментов ни се дрвените слики, а повеќето и од подароците ги правиме во рачно изработени дрвени кутии. Сакаме да додадеме “handmade“ нота на се што правиме.


– Креираме цртежи, илустрации, персонализирани кутии со подароци, дрвени слики, балони, торти од хартија и од пелени, торти од пијалоци, декорации за сите свечености, китенки и слатки маси.


– Морам да признаам дека и работата е многу подобра во тим, всушност двете одамна имавме желба да отвориме сопстевени страници за да може и повеќе луѓе да видат што изработуваме, но заедно некако се измотивиравме и почнавме да ги споделуваме изработките и мило ни е што сега почнуваат да се препознаваат.

x

Check Also

Што чита Кејт Мидлтон во периодот на изолација?

За време на корона-деновите, од официјалната Инстаграм страница на Палатата Кенсингтон, беше ...