Violeta by MANGO – колекција пролет/лето 2019 за полнички девојки и жени

Моделите Лорена Дјуран, Палома Елзесер и Иза Ајзермен се главни лица на кампањата пролет/лето 2019 за популарната линија Violeta наменета за полнички дами, од Mango.

Кампањата е снимена во живописниот и колоритен град Картахена де Индиас во Колумбија. Пред објективот на Бил Џентл позираат трите манекенки во „кежаул“ стилови кои вклучуваат фустанчиња, комбинезонки и колоритни модни додатоци. Материјалите се пријатни за носење во сезоната на потопли денови, од нијансите доминираат веселата жолта, портокалова, зелена и сина, додека од принтовите главниот збор го имаат цветовите, ригите и карираните материјали.  Од обувките, тука се сандалите со висока потпетица во нежни тонови, како и рамните сандали украсени со шарени пом-поми. Кампањата е во знакот на хаштагот „Јас сум тоа што сум“ -#IAMWHATIAM. 

x

Check Also

Must-have парче за ова лето: Каролина во Mango заводлив комбинезон

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето ...