Виолетовиот тренд на шминка продолжува и на ревиите во Лондон

Смел и боемски изглед во комбинација со нагласена виолетова сенка за очи, вака накусо се опишува ревијата на британскиот дизајнер Метју Вилијамсон на лондонската модна недела.

mv

Трендот на виолетова сенка за очи кој го видовме на модната недела во Њујорк продолжува и на лондонската модна недела.   

Зад сцената на модното шоу на Метју Вилијамсон, стилистката Шарлот Тирбури, задолжена за шминката на манекенките, објаснува зошто се форсира виолетовата боја околу очите и над очните капаци.

„Таа не потсетува на седумдесеттите години, дава гламурозен, свеж и модерен изглед” вели таа.

Доколку ги следите трендовите на шминка и сакате совршено да се вклопите во нив, играјте со нијансите на расцутениот цвет од хибискус.

 

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...