Виолетово лето: Сите нијанси на виолетова боја се во игра

Модерни се и кратки и долги, струкирани, корсет фустани, со разголено деколте, елегантни и лесни, дизајнирани од проѕирниот муслин во виолетова боја. Модерно е се што ова лето е виолетово!

v1424

Романтичната и отмена, виолетовата боја доминира ова лето на модната сцена. Во мода се сите нијанси, од нежни преку пастелни, до интензивни и светли. Без разлика како ги носите и комбинирате ќе изгледате атрактивни и женствени. На многу дами оваа боја е една од најомилените, па така нема да им биде тешко да ја носат во секојдневните варијанти на облекување.

v765

Се издвојуваат фустани во нијанси на виолетова, а дизајнерите се обидоа да претстават што повеќе различни модели. Така, секој може да најде крој прилагоден по сопствените потреби. Модерни се и кратки и долги, струкирани, корсет фустани, со разголено деколте со изрези, елегантни и лесни, дизајнирани од проѕирен муслин …

Актуелни се и здолништа во оваа популарна боја, најчесто „пуф“ модели, но и до колена. Неизбежни се и туниките кои се секогаш на врвот на модната скала. Во многу колекции можат да се видат парчиња облека на кои виолетовите нијанси се комбинирани со дезени и печатени детали. Истото важи и за модните додатоци и за шминката, па дури и за декоративните елементи во домот.

v999

Стилистите, инаку, препорачуваат потемните виолетови нијанси да ги комбинирате со посветли бои и особено со впечатливи дезени со цел да дојдат повеќе до израз.

x

Check Also

Тајните ерогени зони на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има најмалку една или две скриени ерогени зони на ...