Виртуелните модели се поактуелни: Запознајте ја Има…

Има е виртуелен супермодел и модна ѕвезда. Доаѓа од Јапонија и на својот Инстаграм профил има над 50 илјади следбеници, а за првпат се појавува на насловната во познатото списание i-D Magazine.

Има

На социјалните мрежи, но и во рекламните кампањи (за сега, во Јапонија) Има е најбаран топ модел. Нејзиното име не е случајно, Има доаѓа од јапонскиот истоимен збор што значи веднаш, симбол на модерната реланост во која се живее „во овој миг“.

Но, Има не е единствен виртуален топ модел. Работата на супермоделите од неодамна им ја презеде Нунури. Секако, таа не е од „крв и од месо“ туку експеримент на дигиталната висока мода. Личи на куклите Bratz, посовремена е од Барби, а на својот Инстаграм профил има над 280 илјади следбеници. До сега има и договори со луксузните модни куќи Валентино и Диор.

Нанури

И тука не завршува листата на виртуелни супермодели. Некои модели се преземени од видео-игрите, а позираат за популарни брендови, како на пример, за Луј Витон. Меѓу нив ја наоѓаме и првата топ моделка која е андроид, дизајнирана од јапонците. Таа има договор со модната марка Гучи. Потоа, тука е суперпопуларната Шуду – првиот виртуелен модел од црната раса, и Лил Микуела – виртуелна инфлуенсерка со над милион следбеници.

Шуду

Лил Микуела

Новите (виртуелни) модели кои се почесто ги сретнуваме во рекламните кампањи, го поставуваат прашањето – дали е пред нас времето кога моделите од крв и од месо ќе ги снема?

Веројатно, одговорот е потврден.

x

Check Also

Еве ја програмата за Струшки вечери на поезијата 2019

Струшките вечери на поезијата ја објави Програмата на претстојното издание на Струшките ...