Високи поптептици за патување, штета што Македонките не се вклучени во анкетата!

Да беа вклучени, веројатно ќе „победеа“.

moda 3

Големото истражување кое го направи авионската компанија „Бритиш Ервејс“ покажа дека дури 97 отсто од анкетираните патнички за патување (со авион) се одлучуваат за удобна гардероба, најчесто фармерки и маички.

Сепак, податоците покажуваат дека и луксузната облека како и високите потпетици не се редок случај. Таков стил за патување особено негуваат патничките од Германија, а по нив и Французинките.

Дури 21 отсто од мажите од Русија за патување избираат деловен изглед, вратоврска и костум.

Добар процент од патниците ставаат акцент на модните додатоци при патувањето. 14 отсто од Турците носат шапки, 47 отсто Французи носат марами, а 31 отсто од сите испитаници се изјасниле за очилата за сонце како задолжителен моден додадок за патување.

moda 2

За жал, македонските патници не се вклучени во оваа анкета. Да беа вклучени, (од она што го гледаме на нашиот аеродром), веројатно ќе предводеа во носењето на високи потпетици.

x

Check Also

Златни можности со златна картичка на Халкбанк

Поседувањето и користењето кредитна картичка е огромна предност која со себе носи ...