Високи штикли и црни чорапи….

Меѓу најчестите фетиши се: долната облека, високите потпетици, мрежестите чорапи, црната чипка, различни униформи и слично.

555777На некои им се допаѓаат луѓе чии делови на телото имаат одредени карактеристики или димензии. На пример, некои мажи бараат жени со голем задник или гради. Меѓутоа, преферирањето на одредени делови од телото не го прави некого фетишист доколку истиот не е фиксиран и усмерен на одреден дел од телото или предмет толку што без него не може да постигне сексуално задоволство.

Поимот фетиш првобитно е врзуван за примитивните религии во кој означувал предмет на кој примитивните племиња му припишувале натприродна, божествена моќ, па фетишот бил предмет на слепо обожавање. Под фетишизмот како сексуална девијација денес се подразбира парцијално набљудување на нечие тело, фасцинација со дел од телото, односно со деталот како свет за себе. Со фиксација на строго определени делови од телото или предмети (најчесто облека и обувки) кои не мораат да бидат првенствено од сексуална природа, некои постигнуваат сексуално задоволство.

Мммм, мали стопала

И најбесмислените нешта можат кај фетишистите да поттикнат силна сексуална реакција. На пример, влакна под пазувите, испотена маица…Но, меѓу најчестите фетиши се долната облека, високите потпетици, мрежестите чорапи, кожната лакирана облека, црната чипка, крзното, различни униформи и слично. Понекогаш за сексуално задоволство пресуден е и обликот на предметот – чевли со висока потпетица или танга, а некогаш материјалот од кој е изработен предметот – свила, крзно, кожа…

555999

Се случува и цела нација да има свој специфичен фетиш. На пример, во Кина се особено пожелни малите женски стопала, па девојчињата во минатото на само 5-6 годишна возраст биле подложувани на болна процедура на калапење со цел стоплата да им останат со мала величина.

Жена не ми е ни потребна, имам слика

Некои фетишисти функционираат така што своите фетиши ги употребуваат само во текот на мастурбацијата. Мастурбираат додека ги мирисаат омилените лакирани чевли или додека ги тријат мржестите чорапи, а некогаш е доволно само да држат во раката женска долна облека. Објектот на фетишизмот речиси постојано се користи во текот на мастурбирањето, но може да биде вклучен и во сексуалниот однос со партнерот. Тогаш од партнерот обично се бара да носи фетиш или доколку фетишите се женските гради, на пример, мажот може да се возбуди и да се задоволи само додека ги гледа, допира, гали и бакнува. За фетишистичките транвестити пресудно е облекувањето на женска облека поради постигнување на секусални задоволства. Во случај кога фетишот е дел од делото, во некои варијанти, жената, сопственичката на бујни гради или на голем задник, не им е ни потребна. Доволни се фотографиите на кои е прикажан фетишот.

Работа на вкусови

Се разбира дека за вкусовите не вреди да се расправа, но се поставува прашањето кога личните естетски мерила преминуваат во перверзија?

555888На пример, некому многу му се допаѓаат складните женски стопала кои одговараат на големината број 35, но кога таквите стопала ќе станат пресудни за почеток на врската, односно кога човек не може да доживее сексуална дразба доколку жената нема мали стопала, несомнено дека станува збор за извитоперена сексуална потреба. Или ако тоа го објасниме на примерот со просечниот македонски маж кого го возбудуваат големите гради, ќе следи заклучок дека тоа е работа на вкус, се додека тие не се во средиштето на неговиот интерес и додека од тоа не му зависи сексуалното задоволство. Затоа не се грижете ако исклучително ве привлекуваат жени во мини сукњички и мрежести чорапи со неизбежни високи потпетици. Се е тоа работа на вкусови, добри или лоши, сеедно. А од лошиот вкус никој не е лечен. Ниту пак излечен. Но ако фетишистичката фиксација стане толку есктремна за значително да го намали квалитетот на вашиот живот, несомнено ви е потребна стручна лекарска помош.

М.М

x

Check Also

ОУ „Григор Прличев“ од Охрид со поддршка на Халкбанк доби сензорна градина наменета за ученици со попреченост  

Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ја доби првата сензорна градина во ...