Вистината за чипсот, намирница која делува како дрога

Според истражувањата, една третина од британските деца јадат чипс секој ден, а тоа значи дека едно лице јаде по 100 пакувања чипс годишно. Едно пакување чипс на ден има ист ефект како да сте испиле 5 литри масло годишно, пишува Дејли меил.

Мајкл Мос, автор на книгата „Сол, шеќер и масти, како на тоа не навлекоа производителите на храна“, тврди дека чипсот е направен така да предизвикува зависност.

Механизмот на чипсот е во „вкусот во устата“, како што наведуваат производителите, а може да се спореди со чувството на пријатност кое се појавува кога загризуваме топен кашкавал.

За чипсот да делува потребно е доста масти за да го стимулира рецепторот кој се наоѓа зад устата и кој испраќа сигнали до мозокот. Со оглед на тоа дека соленото, масното и слаткото се вкусови кои мозокот инстинктивно ги бара, комбинацијата на вкусот на чипсот не тера да јадеме од него што повеќе.

Во последно време се истражуваат и различни форми на крцкавост на чипсот, и се означува како „премиум“, со помалку масти и сол, но Мос тврди дека и тој нов облик на чипс подеднакво опасен како и секој друг што го познаваме.

– Идеално би било чипс да јадеме два пати во месецот, во мали порции, а изгледа и дека јадењето чипс за време на бременоста може да биде еднакво опасно како и пушењето. Не е секоја храна иста и во се треба да се биде умерен, завршува Мос.

x

Check Also

Кои се и што значат супер состојките на супер лебовите на Жито Лукс

Водечкиот производител на брашно и леб на нашиот пазар, Жито Лукс, пред ...