Стилска сензација чие мото гласи „Модните додатоци го персонализираат стилот. Ништо не е вишок“, а кога ќе го погледнете секој нејзин изглед ќе заклучите дека навистина им робува на радикалните модни парчиња.
Родена во Бар, Италија, Ана Дело Русо помина 18 години како моден уредник на италијанскиот „Вог“, потоа нејзиното искуство како моден уредник и креативен консултант го продолжува во јапонскиот „Вог“.
Уште во младоста им робувала на сопствените модни правила. Креаирала свои модни парчиња и носела чадор за дожд и кога не врнело, едноставно тој бил само дел од нејзиниот оригинален стил иако сите соученици и се потсмевале таа не им обрнувала внимание и уживала во секоја приказна која ја креирала уште во средношколските денови.
Потребен и е цел стан да ја смести својата гардероба, а поседува повеќе од 4.000 пара чевли. Големата зависничка од високи потпетици и својот прв парфем го поврза со оваа нејзина страст, па мирисните ноти ги скри во уникатно шишенче во форма на чевел.
Никогаш не ги пропушта модните случувања и ревии, а кога ужива сама со себе е скриена во нејзиниот стан во Милано заедно со нејзиното кученце Кучолина кое ја следи модата со иста страст како Ана.
Секогаш е со голема магична насмевка на нејзиното лице. Тотална спротивност на воздржаната, горделива и таинствена Ана Вентур, Дело Русо е дива, гласна, отворена и забавна.
Изгледа совршено за нејзините + 50 години, а благодарение на нејзиниот младешки дух и секојдневното утринско пливање од 2 часа и редовен јога тренинг на нејзиното тело може да и позавидат и помладите дами.
Нејзините фанови постојано ја следат на нејзиниот блог на кој постира новини само два пати неделно со голема љубов за сите нејзини обожаватели.
Легендарниот моден фотограф Хелмунт Њутн ја опиша подобро од било кој од модниот свет. Ја нарече „моден манијак кој е најпокорен роб на модниот господар“.
М.Р.