Виталиа најголем донатор на храна во Македонија! „Сите граѓани заслужуваат здраво да се хранат. “

Да се помогне на социјално загрозените категории на граѓани, е хуман чин, но истовремено и обврска за секој општествено одговорен деловен субјект. Македонската компанија за здрава храна Виталиа, веќе 25 години, од самото свое основање го прифати тој предизвик, и не е случајно што денес е и најголемиот донатор на проектот „Сите Сити”, преку чија мрежа има донирано над 15тони квалитетна здрава храна со што овозможи да ја вкусат и да ги уживаат нејзините бенефити и оние кои немаат можност за тоа, најранливата категорија граѓани на нашето општество. Некои од организациите кои имале можност да добијат здрава храна се: Црвен Крст, Легис, Љубезност, Св.Спас, Доверба, АДРА, Одигитрија Виница, Утешител Битола, Здружение на пензионери Бутел, ХОПС Скопје, Ластовица

Покрај редовните предавања на учениците во основните и средните училишта низ Македонија, нутриционистичкиот тим на Виталиа континуирано одржува едукативни работилници во организации кои ги згрижуваат социјално најранливите категории, како што е СОС Детско Село и Црвен Крст. Целта на предавањата е принципите за здрава исхрана и здрави прехранбени навики да станат дел од животот на овие лица, кои најчесто имаат и ограничен пристап до информации.

За општествено-одговорната мисија на Виталиа, свое излагање имаше Искра Ветаџокоска Муцунска, менаџер и ко-сопственик на Виталиа пред присутните на Донаторската конференција на 50-те најголеми компании за храна во земјава” организирана од Ајде Македонија и мрежата “Сите Сити“, кои се грижат да се обезбеди храна за секој поединец и да се намали нерационалното искористување на ресурсите. Во таа прилика таа дополнително изјави:

“ Се надеваме дека со овој наш чекор ќе иницираме позитивна промена и ќе ги поттикнеме и останатите компании да се вклучат во овој извонреден проект потврдувајќи дека Македонија е држава на хумани граѓани кои ги препознаваат вистинските вредности. Но не застануваме тука! Иницијативата за донација ќе ја пренесеме и на нашите соработници во 55те земји ширум светот каде се извезува брендот Виталиа, отварајќи можност за ширење на проектот Сите Сити во светски рамки“.

На конференцијата, Виталиа како главен донатор доби посебни честитки од Премиерот на република Северна Македонија г. Зоран Заев, министерката за Труд и Социјална политика – Мила Царовска, како и од директорот на Фондот за Иновации г. Јован Деспотовски.

Благодарност беше изразена и од Блаже Јосифовски, претседателот на Здружението „Ајде Македонија“, со кое Виталиа соработува од почетокот на постоењето на системот за донирање храна – Сите Сити и проектот „Оброк за Сите“.

 

 

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...