Виталиа и Визер во здружена акција

Познато е дека храната во авионите  не е секогаш вкусна и здрава. Но кога ќе се здружат Виталиа и Визер овие работи се чини дека може да се променат . Па така, од сега, на летовите кои ги обезбедува оваа авио-компнија не се изненадувајте доколу на менито ги забележите овесните каши од малина на Виталиа.

„Свесни сме за модерните трендови кои се повеќе ги следат здравите навики, па тргнувајќи од овде логично ни се постави како предизвик и оваа задача. Зарем лесните и нутритивни оброци не се најпосакуваното нешто кога патуваме. Токму затоа се погриживме нашите одлично избалансирани производи да се најдат на менито на Визер.  Да се чувствуваме лесно, а сепак полни со енергија не е луксуз туку задоволување на секојдневни потреби за да можеме да одговриме соодветно на предизвиците кои ни ги нуди денот. Тоа е всушност и мотото по кое се води нашата компанија. Здравиоте навики пред сè“.

Виталиа е македонска производна компанија за здрава храна која оваа година слави 25 години јубилеј. Континуирано ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија и е присутна на сите поголеми интернационални саеми за храна. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian. Виталиа произведува широко портфолио на производи за сите генерации, за различни категории на луѓе, за оние кои сакаат да одржуваат здрав живот, како и за оние со одредени потешкотии.

Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, денес брендот Виталиа се извезува во повеќе од 55 земји ширум светот и тоа во најпознатите светски трговски синџири  како: Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM.  Виталиа брендот е присутен и на светската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада

x

Check Also

Од кои спортови ќе имате најголема полза? Huawei Watch GT 2 Pro е совршен придружник за сите!

Бурните времиња не треба да ја намалат физичката активност, туку треба да ...