Вкусен појадок: Кифлички со сладок компир

Сакате поинакви кифлички, а вкусни за прсти да излижете? Тогаш дегустирајте го овој рецепт.

Намирници – 1 чаша млеко (1,8 отсто масленост), 7 грама сув квасец, 3,5 чаши пченично брашно (бело), половина лажичка сол, 2 лажици путер (солен), 2 поголеми слатки компири, 1 јајце.

Подготовка

Во сад помешајте го загреаното млеко и квасецот и оставете да отстои 5 минути. Во друг сад со миксер помешајте од брашното (3 чаши) со шеќерот и солта. Додадете го путерот и јајцето, потоа и сварениот и изгмечен сладок компир, на крајот и смесата со квасецот, потоа миксајте додека сите состојки убаво се спојат.

Постепно додавајте од преостанатото брашно за тестото да не биде лепливо. Месете го тестото со раце уште околу 5 минути додека не стане мазно.

Префрлете го тестото во голем премачкан сад и покријте го со крпа. Нека се подигнува на топло додека не стане двојно поголемо, околу 1 час. Потоа, премесете го малку тестото, поделете го на 12 еднакви дела, обликувајте кифлички и наредете ги во намачкана тава за печење. Покријте ги и оставете поторно тестото да нарасне уште околу 40 минути.

Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени. Печете ги кифличките 25 минути додека добијат златно-смеѓа боја на површината. Сервирајте ги изладени.

x

Check Also

Грчки колач со портокал – Портокалопита

Подгответе го традиционалниот, превкусен колач о Грција, по оригинален рецепт. Потребни намирници ...