Вкусна и брза пита од моркови

Оваа превкусна пита послужете ја со кулен или колбаси.

Потребни намирници

300 грама брашно, 80 грама пармезан, 40 грама рендан кашкавал, 150 грама моркови, 60 грама црни маслинки без семки, 1 сув квасец, 3 јајца, 1 лажица млеко, 1 кафена лажичка шеќер, семки од тиква, масло, сол, црн пипер.

Подготовка

Морковите излупете ги, измијте ги и изрендајте ги. Брашното измешајте го со квасецот, малку сол, малку шеќер, 40 грама пармезан, и постепено додадете 100 милилитри млака вода. Јајцата изматете ги и додадете ги во тестото. Потоа додадете ги и изренданиот кашкавал, преостанатиот пармезан, маслинките и изренданите моркови. Замесете тесто, формирајте топка, засечете крст на површината и оставете да стасува 1 час на топло место. Преместете го тестото во намрснет калап, покријте го со кујна крпа и оставете го да стасува 1 час на топло. Површината намачкајте ја со жолчка изматена со млеко. Одозгора наросете семки од тиква и печете 1 час на температура од 200 степени.

x

Check Also

Четири здрави рецепти од коприва кои мора да ги пробате

Листовите коприва се најдобри состојки за детоксикација, ја прочистуваат крвта, ја подобруваат ...