Вкусни рецепти за домашна пица

Нема нешто подобро од вкусна тукушто подготвена богата пица. Но, не мора секогаш пицата да биде од ресторан или од некоја локална пицерија. Домашната пица може да биде исто толку добра, вкусна и уште подобра, со состојки кои се баш по ваш вкус!

Домашната пица не би била домашна, без свежо, дома подготвено тесто. Жито Лукс создаде брашно специјално наменето за домашна пица, со кое подготовката на тестото за пица е полесно од кога било. Тестото направено со наменското брашно за пица го доловува и збогатува вкусот на пицата. Лесно се замесува и растегнува, не се лепи по површината на садот и не се кине за да има една целосна форма и единствен вкус.

Во продолжение ви презентираме лесен рецепт за вкусна домашна пица направена со тесто од брашно за пица, како и неколку идеи за комбинација на додатоци.

Домашно тесто

Потребни состојки:

  • 3 шолји брашно за пица Жито Лукс
  • 1 шолја млака вода
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 супена лажица шеќер
  • 2 кафени лажици сол
  • Половина шолја маслиново масло

Премачкајте го садот во кој ќе го замесувате тестото со малку масло. Во друг, помал сад растворете го квасецот, додајте го шеќерот, измешајте и оставете го да се активира околу 7-8 минути. Во премачканиот сад додадете го брашното, солта и маслиновото масло, потоа додајте го и активираниот квасец и месете додека состојките не се соединат. Соединетата смеса префрлете ја на работна површина и месете го тестото додека не добиете меко и еластично тесто, а по потреба додавајте по еден прстофат брашно додека не ја добиете посакуваната мекост и текстура. За ова е потребно приближно 5 минути месење. Замесеното тесто ставете го во сад и покријте го со кеса или транспарентна фолија и оставете го да нарасне околу час и половина. Нараснатото тесто поделете го во неколку парчиња и развлечете го со сукало или рачно, со дебелина отприлика еден прст и ставете го во тепсија за печење. Направете дупчиња со виљушка за да избегнете формирање на меури со воздух при печењето, премачкајте го тестото со маслиново масло и доматен сос и препуштете се на имагинацијата! Додајте моцарела, лук и свеж босилек за автентичен италијански вкус, шунка, печурки, кашкавал и оригано за незаменливата капричиоза или пак свеж зеленчук по вкус за љубителите на лесна и свежа пица.

Покрај за пица, новото брашно од Жито Лукс според карактеристиките е погодно и за домашна подготовка на други закуски од ферментирано тесто како фокача, фурнарини и слични печива.

Добар апетит!

 

x

Check Also

Од велигденските јајца направете превкусно мезе

Потребни намирници: 10 варени (велигденски) јајца, 60 грама мајонез, 60 грама павлака, ...