Влажниот изглед на косата се врати во мода, еве како да го постигнете

Ефектот влажен изглед на косата беше популарен пред три години, но сега повторно се врати во мода.

Оваа фризура е идеална за потоплите денови, па во периодот на самоизолација – вежбајте го изгледот дома.

Како да го постигнете влажниот ефект на косата?

Прво и најважно е косата да е свежо измиена со шампон и кондиционер, па откако ќе се исуши треба да нанесете со прстите кокосово масло (достапно е во продажба во поголемите аптеки). Потоа, со прстите расчешлајте ја косата за да бидете сигурни дека секој прамен е намастен.

Наместете ја фризурата како би сакале да изгледа финално. На крајот нанесете фиксатор или лак за коса по избор.

x

Check Also

Два нови женски парфеми од Versace -Dylan Blue и Dylan Turquoise

Водечките имиња во светот на моделството, Бела Хадид и Хајли Болдвин, позираат ...