Вљубени во колекцијата PARFOIS за есен/зима 2015

 

За сезоната есен-зима 15/16, Parfois одлучи да инвестира во кампања која ja открива поинтимната перспектива на брендот. Користејќи го театарот Болхао како локација, ја повикаa француската актерка Нора Лембр да долета во Порто за да ја преземе главната улога во овој „прв чин“ за оваа сезона. Убава, секси, мистериозна, автентична и над сѐ вљубеник во театарот, французинката ни носи екстаза уште пред да е на сцена, преку леќата на италијанската фотографка Илариа Орсини.

Започнувајќи со концептот на „припаѓање“, брендот за модни додатоци гради кампања базирана на светот на шоу-бизнисот, чувствата поврзани со сцената и кои се асоцираат со истата, сценските светла и универзумот зад неа. Ги прикажува различните расположенија на актерката, која се обидува да го пронајде местото каде што припаѓа: на сцената или на седиште број 7 во публиката. Одејќи по ходниците на театарот, Нора е олицетворение  на париската дама, вистинска жена која во зависност од желбата, презема различни улоги, следејќи ги модните трендови, но не губејќи ја својата природа и личен стил. Приказната кулминира во моментот кога Нора се одлучува да ризикува и да го заземе местото на сцената.

Брендот цели да ја покаже разновидноста на производите присутни во колекцијата, наменети за бестрашни жени кои не се плашат да преземаат ризици. Актерката кога треба да е на сцената открива пософистициран изглед, а кога се чувства дека сака да биде зад сцената, покажува удобност и едноставност.

par 11

Предлозите на Parfois за новата сезона се шест линии, кои се подеднакво театрални и минималистички. New Romantic, Retro Future, Playful Minimalism, Female Warriors, Oriental Express и Shades of Black имаат две спротивставени страни: едната е дека се совршени за секој ден, лежерни, удобни со уметничка страна и комплетно релаксирани, додека пак другата е совршена за вечерни излегувања, пософоистицирана, елегантна, богата со детали и иновативна.

par 15

Колекцијата, а воедно и кампањата се контрастно направени. Тишината на соблекувалната и звуците од позадината во фоајето се само почетокот..

Шоуто може да започне.

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...