Кога луѓето мислат на машки јога- практиканти, ретко ги замислуваат како овие кои се вклучени во Календарот јога мажи за 2015 година. Тоа е така бидејќи првата асоцијација за мажите кои вежбаат јога најчесто се поврзува со егзотичните учители со долги бради и испоснички слаби.
Но оваа серија на фотографии фрла сосема поинакво светло на машките практиканти на јогата.
Фотосесијата е фотографирана од Ејми Гоален, а овој календар може да се смета за претходник на еден поголем проект. Фотографката здружена со писателот Џилијан Де Во, веќе работат на книгата „Внатрешноста на воинот- Машкиот страна на јогата” која ќе содржи и серија на интервјуа за практиките и бенефитите од јогата.
„Сакаме ова да биде образовна, инспиративна книга, и да ги открие полезностите од јогата кај машките практиканти “, објаснува Гоален.