Внесете ја пролетта во домот со производи намалени до 70% во Coincasa и @Home

Атрактивно намалување на цени ќе има од 15-ти до 17-ти мај на производите на Coincasa и @Home. Декоративните елементи за уредување на домот и ексклузивниот мебел, ќе бидат на попуст до 70 отсто.

Традиционалната сезонска распродажба, „Front Yard Sale“, што се организира по третпат ќе се случува во продажние салони на Coincasa и @Home, овој петок и сабота, од 10 до 20 часот и недела до 16 часот.

„Внесете ја пролетта во домот“ е мотото под кое брендовите ќе приредат интересен настан, на кој што голем избор на уникатни производи за секој дел од домот ќе бидат достапни со ексклузивни попусти, а покрај забавниот дел, ќе има и многу други изненадувања за посетителите.

Coincasa и @Home, преку своите колекции секогаш нудат спечифичен и несекојдневен стил за уредување на домот. Комбинацијата на класичниот стил со винтиџ деталите и рустикалните елементи дава автентичност,  топлина и пред сè уникатност во секој дом. Coincasa е италијански бренд, додека пак @Home во својата палета на производи нуди елементи за уредување од повеќе реномирани европски брендови.

 

 

 

x

Check Also

Што открива за вас вашата омилена чоколада

Која чоколада ви е омилена? Секој вкус открива по некоја човечка карактеристика. ...