Внимавајте на летните коктели, некои се покалорични од сочен хамбургер! (листа на калории)

Се вративте од „активен“ одмор на кој се забавувате, застанувате на вага и гледате неочекуван вишок на килограми. Не е чудно, ако за време на одморот сте уживале во освежителни коктели.

Алкохолот вообичаено е сеприсутен на забавите, но често забораваме дека алкохолот содржи голем број на калории. Освен што е висококалоричен, нема никаква нутритивна вредност, па затоа откако ќе испиеме пијалок или два, нашето тело не добива порака на ситост туку потреба за храна. Иако доста сме испиле и внеле многу калории, гладни сме, па се „фрламе“ на јадење и внесуваме уште повеќе калории.

Некои коктели имаат повеќе калории и од намрсниот, најсочен хамбургер! Со својот лесен, сладок и овошен вкус, коктелите лесно можат да ве измамат. Но, размислете за состојките на еден просечен коктел. Само вотката, џинот, вискито или румот содржат многу повеќе калории отколку пивото или виното. А во коктелот се мешаат по два или повеќе алкохолни пијалоци. Калориската коктел бомба се зголемува кога ќе и се додаде и слаткиот сируп или сок, а во некои коктели се става и шеќер.

Еве ја листата на калории кои ќе ги добиете со еден коктел, па размислете дали ќе го нарачате и вториот.

  1. Long Island Ice Tea – 780 калории
  2. Margarita – 740 калории
  3. Pina Colada – 644 калории
  4. White Russian – 425 калории
  5. Mai Tai – 350 калории
  6. French 75 (Champagne Cocktail) – 250 калории
  7. Fog Cutter – 225 калории
  8. Gin / vodka & Tonic – 200 калории
  9. Mojito – 160 калории
  10. Cosmopolitan –  150 калории

x

Check Also

Новоотоворена кафетерија Coffee factory во центарот на Скопје

Професионални баристи ќе го приготвуваат вашето кафе   Утре (петок), на 29 ...