Во „Бета Фармација“ ги најдовме најдобрите медицински помагала за Валгус деформацијата на стапалото

Валгус деформацијата на палецот на стaпалото е најчеста деформација на стапалото, а веројатно е, воопшто, најчеста деформација на мускулниот-коскен состав на денешниот човек. Станува збор за странично искривување на палецот на стапалото, создавајќи болен деформитет на коската, кој често се јавува како последица на долгогодишно носење на модерни чевли. И со високите потпетици на чевлите кои ги носиме, расте оптовареноста на предниот дел на стапалото, особено кај оние кои долго стојат во текот на денот, но и кај оние кои имаат зголемена телесна тежина.

Намалената подвижност на прстите на стапалата во тесните и крути обувки доведува до ослабнување на мускулите на стапалото. Слабоста на мускулното и сврзно ткиво, во комбинација со зголеменото и несоодветно насоченото оптоварување на стапалата, доведува до понатамошна деформација на предниот дел на стапалото, искривување на палецот и формирање на болен „израсток“. Веројатно, повеќе причини заедно доведуваат до развој на конечната деформација и до нејзино забрзано зголемување.

Hallux Valgus девет пати почесто се појавува кај жените отколку кај мажите, започнува во адолесцентната доба, а поттикнат од неадекватните услови при носење на обувки, брзо напредува. Посериозни проблеми се чувствуваат на возраст над 50-та година. Најчесто, деформациите од благ степен кај младите, може да се забават во развојот. Се препорачува носење на пошироки и удобни обувки кои не создаваат притисок на прстите, како и носење на обувки со ниска потпетица. Кај повозрасната популација пак, која полесно прифаќа да се откаже од модните трендови на чевли, со избор на адекватен тип на обувки, може да се ублажат болните иритации на деформираниот дел на стапалото. Секако, и во првиот случај, односно, кај младите, како и во вториот, кај возрасните, неопходна е употреба на соодветни медицински помагала.

За среќа, модерните медицински помагала денес ни даваат решение за заштита и корекција на Hallux Valgus (заштитна ортоза за Hallux Valgus, ортоза за корекција на Hallux Valgus , плантарна влошка за чевли, плантарна влошка за двојна заштита, силиконски сепаратори).

Најквалитетните производи може да ги најдете во:
Аптека Бета Фармација 1 (се наоѓа зад Универзална сала) тел.02-3227-220
Аптека Бета Фармација 2 (на ул.Рузвелтова) тел.02-3256-799

x

Check Also

Дали и после ова ќе влегуваме со чевли дома?

Ако се прашувате дали треба да ги соблечете чевлите пред врата или ...