Во Битола отворен фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Со дефиле на фолклорни групи и друштва од државата и светот на Широк Сокак и со орото „Комитско“ кое се одигра на отворена сцена во поранешното ракометно игралиште, вчера во Битола почна  49. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Фестивалот за отворен го прогласи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

-За време на фестивалските денови преку своите песни и игри да ја пренесете универзалната порака на прифаќање и почитување на различностите. Вие сте вистински амбасадори на културата, им порача Мисовски на учесниците на Фестивалот.

На петте фестивалски вечери ќе настапат играорци од три континенти кои ќе ги презентираат националната традиција, фолклорни богатства и култури.

Според програмата, вечерва ќе настапат КУД „Илинден“-Битола, ансамбл „Македонија“-Скопје, културно уметничките друштва „Ристо Донев учителот“-Штип, „Русалии“ од Секирник, „Јане Сандански“ од Неготино, „Китка“-Истибање и „Ибе Паликуќа“ од Скопје, а од странство на фестивалската сцена ќе се претстават гостите од Белгија, Индија, Израел и Мексико.

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...