Во чест на неговиот роденден: 10 работи кои (можеби) не ги знаете за Џими Хендрикс

Неколку факти од животот на музичарот кој со својот стил не престанува да ги инспирира и модните дизајнери.

j3

1.

Роден е на 27 ноември 1942 година како Џоли Ален Хендрикс. И татко му и мајка му поради тешката финансиска ситуација и невработеноста се препуштиле на алкохолот, а Џими бил срамежливо и повлечено момче кое едвај ги издржувало жестоките кавги на родителите.

2.

Кога имал 9 години, неговите родители ќе се разведат, таткото ја презема грижата за децата, а малку подоцна мајка му ќе почине од цироза на црниот дроб. За да ги утеши своите деца, таткото често им давал да пијат виски.

3.

Од мал не излегувал од дома без метла која глумела дека му е гитара. По смртта на мајка му, за утеха од татко му ја добива првата гитара купена на старо, која имала само една жица.

4.

Бил самоук, минувал многу часови со инструментот (со една жица) обидувајќи се да ги отсвири песните на Елвис Присли кои ги слушал на радио. Настапот на Елвис во Сиетел (во 1957 година) ќе го натера да вежба  по неколку часа дневно „крадејќи“ ја техниката. Малку подоцна  од татко му ја добил и првата електрична гитара која немала појачало па затоа била неупотреблива.

5.

Сите сценски „штосови“ да свири со заби или зад грбот ги научил од еден млад музичар, а подоцна тие ќе станат негов заштитен знак. Почнал да настапува во група, но поради дивото свирење на сцената на половина концерт е отпуштен. Истовремено одел во средно училиште кое не го завршил, но подоцна кога се прославил, училиштето му врачило почесна диплома, а во 1990 година пред тоа училиште е поставена и почесна биста на Хендрикс.

6.

Кога е фатен како вози украден автомобил му било понудено да избере меѓу затвор и служење на воен рок. Поминал една година во војска и потоа е пуштен како неподобен.

7.

Во 1964 година се сели во Харлем, почнува и да снима,  а две години подоцна се создава бендот кој на Хендрикс ќе му донесе светска слава. Неговите настапи кои се граничеле со лудило ги оставале масите обожаватели во хистерија. За жал, како и многу музичари од таа генерација, и Џими Хендрикс често земал дрога и табелтки, а во 1969 година е уапсен поради поседување на хероин. Со дрогата влегол во неартикулирано однесување, кршење на предметите во хотелската соба, тепачки и насилства, и се тоа дополнително било залиено со многу алкохол.

j7

8.

Во текот на својот кус живот Хендрикс снимил 5 албуми. Умрел во Лондон (18 септември 1970) во хотелска соба.

9.

Разните шпекулации направија од неговата смрт мит. Се знае дека ноќта ја минал со својата тогашна девојка Моника Данеман и дека пред спиење земал мешавина од вино и таблети за спиење што најверојатно предизвикало повраќање во сон од кое Џими се задушил. Точните околности на смртта никогаш не се разјаснети. Една друга верзија тврди дека неговиот менаџер Мајкл Џефри,сакајќи да дојде до неговото животно осигурување, го убил славниот гитарист.

j4

10.

Минатата година на една листа на списанието Ролинг Стоун се најде на врвот на музичарите кои со холограм треба да се „оживеат”.

 

С.Спасиќ

x

Check Also

Што ги возбудува хороскопските знаци?

Овен Овенот ужива да биде нечиј трофеј. Тој сака прво да се ...