Во чест на нејзиниот роденден: 10 работи кои (можеби) не ги знаете за Ана Винтур

Препознатлива е по „боб“ фризурата и темните очила за сонце, а на позицијата главна уредничка на американскиот Вог е уште од 1988 година. Благодарение на нејзиното чувство за модни трендови и поддршката на младите дизајнери, Винтур денес е интитуција во модниот свет.

Винтур и Лагерфелд

Винтур и Лагерфелд

Родена е на 3 ноември 1949 година во Лондон, нејзиниот татко Чарлс Винтур бил уредник во лондонскиот „Ивнинг стандард“. Била заинтересирана за модата уште од најмала возраст, а нејзиниот татко е тој кој ќе ја внесе во модниот свет, прво како продавачка во влијателниот Биба бутик кога имала само 15 години, потоа ја испраќа на обука во Хародс, за најпосле да ја вработи како моден новинар. Во меѓувреме, таа посетува приватни часови по мода.

Во 1975 година се преселува во Њујорк за да работи како помлад моден уредник за Харперс Базар, но нејзините иновативни идеи ќе и обезбедат отказ по само девет месци работа. Втората прилика ја добива во списанието Вива, каде што работи за Кети Китон, сопругата на издавачот на „Пентхаус“, Боб Гучионе. Списанието поради непрофитабилност се затвора во 1978 година.

Вработувањето во „Њујорк“ списанието ќе и обезбеди да стане позната по „тоа што ги гледа работите во светот на модата пред било кој друг да ги види“. Особено кога стаувало збор за познатите личности.

Првата насловна на Винтур во Вог

Првата насловна на Винтур во американскиот Вог

Во британскиот Вог влегува како уредник, и тоа поради двојната плата. Без одобрување од директорот менувала многу нешта во списанието,па оттука и прекарот „Нуклерната Ана“ , но набрзо се враќа во Њујорк за да го уредува списанието „Хаус енд Гарден“. Успева списанието да го лансира на врвот, да го направи високотиражно и профитабилно. Подоцна, конечно станува уредник на американскиот Вог, прави големи промени во уредничкиот тим, но и во стилот на списанието. Наместо вообичаените лица на модели кои ги краселе до тогаш насловните страници, Винтур на насловна страница објавува 19-годишна убавица облечена во џинс.

Винтур во 90-те години

Винтур во 90-те години

Во средината на 80-те до крајот 90-те години е во брак со психологот Дејвис Шафер со кого има две деца, Чарли и Катарина.

Беше инспирација на Лорен Вајсбергер за романот „Ѓаволот носи Прада“ по кој се снимаше истоимениот филм.

Пред редовното одење кај фризерот во 15 минути до 7 часот наутро, славната уредничка на Вог денот го започнува со тениски натревар и тоа во 5.45 часот.

Дамата која ги осмислува трендовите смета дека црниот капут или бунда не излегуваат од мода, а таа се одлучува за едноставен модел. Што се однесува до трендовите со фустаните, иако ги поддржува цветните дезени, смета дека треба да се има мерка, особено кога станува збор за деколтето. Најчесто носи затворени фустани кои ги покриваат дури и колениците.

Благодарение на нејзиното влијание стануваат славни многумина талентирани но до тогаш анонимни модни креатори. Џон Галијано и Мајкл Корс на пример, благодарение на Винтур го достигнуваат врвот.

x

Check Also

Samsung ги прошири можностите на апликацијата SmartThings Find со Galaxy SmartTag опцијата

Прикачете го Galaxy Smart Tag локаторот на клучевите, паричникот или други важни ...