Во четири чекори: Како да ги исперете белите патики да бидат како нови

Можеби ве советувале дека не е многу паметна идеја да купите бели платнени патики, бидејќи брзо се валкаат и на нив се познава секоја дамка, но ја разбираме вашата страст кон белата боја. Треба само да знаете како правилно да ги измиете, како повторно да ги „светнете“ за да изгледаат како нови.

Познатата костимографка Алисон Фрир советува како на најдобар начин да ги исперете белите патики.

Тоа што ви е потребно се – стара четкичка за заби, сода бикарбона, обичен детергент (наменет за бели алишта), и стара навлака за перница.

Првиот чекор е патиките, без претходно да ги потопувате  во вода, добро да ги истриете со сода бикарбона со помош на четкичката за заби. Ова ќе помогне да се отстрани од нив секоја нечистотија и дамка.

Ќе забележите разлика уште веднаш по првиот чекор, но тоа не е доволно, треба да преминете на вториот чекор.

Вториот чекор е – рачно исперете ги вашите бели патики, на тој начин што претходно ќе ги ставите во навлаката за перница. Заврзете ја навлаката за перница на горниот дел (како на фотографијата). Потоа ставете ги патиките (кои се во навлаката за перница) во мијалникот наполнет со студена вода во која ќе додадете малку од детергентот.

Уште еднаш – многу е важно детергентот кој го употребувате да биде наменет за перење на бели алишта, а не за колорни. Употребата на избелувач на алишта наместо детергент или заедно со детергентот е недозволива.

Трет чекор – Патиките (значи, претходно ставени во навлака за перница) оставете ги во студената вода во која сте додале детергент да отстојат 5 минути. Што се подразбира под рачно перење? Постојано да ја превртувате навлаката за перницата во која се наоѓаат патиките во водата, за патиките да се исчистат од сите страни. Оваа постапка, веќе рековме, трае 5 минути.

Потоа, преминете на следниот чекор.

Четврти чекор – Извадете ги патиките од навлаката за перница и ставете ги да се сушат на дневна светлина, но не директно под сонце.  Уште една напомена – немојте да ги триете! Материјалот од кој се направени патиките не трпи триење. Треба природно да се исушат.

Дури откако ќе се исушат ќе забележите дека „светнале“ и дека изгледаат на нови.

x

Check Also

Неделен хороскоп (2. до 8 декември): Топ знаци на неделата – Јарец, Риби и Девица

Оваа недела планетата Јупитер влегува во знакот на Јарец, отворајќи долг период ...