Во Дубаи се отвори фасцинантен вегански ресторан

Дубаи содржи бројни ресторани со Michelin ѕвездички, но сега станува збор за нешто друго – за најголемиот вегански ресторан во светот насловен Веганити. 

Луксузниот вегански ресторан се отвори на 16ти август, а гостите можат да уживаат во дури 200 вегански јадења од целиот свет. Јадењата ги подготвуваат врвни готвачи, ангажирани од сите континенти.

Инаку, веганизмот веќе станува популарен начин на живот во Обединетите Арапски Емирати.

Коментирајќи го отворањето на ресторанот „Веганити“, портпаролот рече – Правејќи чекор понапред, сопственикот и главниот готвач Скај Сомерс сакаше да креира нешто сосема поинакво, со новиот Веганити ресторан во срцето на Дубаи, да создаде рај за веганите но и за не-веганите кои сакаат да уживаат во гурмански оброци“.

x

Check Also

Будва – лето кое трае

Доколку досега не сте ја посетиле Будва во септември или октомври, тоа ...