Глигор Кузмановски

Во галеријата Вива во Виена – изложба на современ накит на Јана Ацевска, Глигор Кузмановски и Симеон Шомов

Изложба на современ накит ‘DIFFERENCES’  ќе се случува во галеријата „Viva Art Gallery“ во Виена, Австрија, од 7 до 24 декември 2018.

Јана Ацевска

На 7-ми декември во 18 часот во галеријата Вива во Виена, ќе биде отворена изложбата на современ накит ‘DIFFERENCES’ на авторите Јана Ацевска, Глигор Кузмановски и Симеон Шомов од Бугарија.

Изложбата е спој на тројца дизајнери на современ накит од две земји кои творат и експериментираат со различни материјали.

Звучи хаотично! Да, но и одлична комбинација во исто време.

Симеон Шомов

Сличностите и различностите се алката која ги поврзува тројцата автори во една креативна приказна. Секој од нив со својот специфичен израз предизвикува различни чувства.

Три посебни светови, сплотени во еден простор со нивниот уникатен израз. Дали различностите треба да ги разделат луѓето?

Секое парче накит е засебен експеримент кое ја раскажува својата приказна и не води на посебно доживување.

x

Check Also

Инстант лозот ПАРКиРАЈ ХИБРИД додели уште една Toyota Auris Hibrid

Скопје 07.12.2018 година, Државна лотарија на Македонија денес додели уште еден автомобил ...