Во Кочани ќе се слави меѓународниот ден на литературата за деца

По повод  меѓународниот ден на литературата за деца, ЈОУ Библиотека„Искра“ од Кочани, на 02-ри април ќе реализира проект програма „Славење на меѓународниот ден на литературата за деца, Другарувањето со книгите ни е песна, Фестивал на децата, книгите и музиката“  со која има за цел да ја афирмира литературата за деца, авторите и илустраторите кои творат за децата, како и да ја поттикне љубовта кон читањето кај најмладите уште од најрана возраст.

Преку организирање на литературни средби со авторите, едукатвно-креативни работилници, рецитации, драматизации и музичко-ритмички точки се вклучени над 350 учесници – деца кои се на различна возраст, од 6 до 16 години.

Во програмата се вклучени повеќе автори и тоа꞉ Васил Мукаетов, добитникот на наградата „Ванчо Николески“ за 2017 година, Јасмина Кантарџиева – Димков, авторка за деца и илустраторот Ивица Спасовски од Издачката куќа АРС Ламина, авторката Ели Маказлиева, Александра Велинова и Игор Јовчевски од Издавачката куќа ЕДУКА МАК, како и роднокрајните автори Љубинка Донева и Марина Гоцевска.

Содржината е збогатена со поставување на продажен штанд со литература, од 10.00-17.00 часот, во просториите на Библиотеката од страна на издавачката куќа ЕДУКА МАК.

Соработници во Програмата се сите Основни Училишта во градот Кочани, ЈОУ Детската градинка„Павлина Велјанова“ – Кочани, НУЦентар за култура„Бели Мугри“-Кочани, Јазичен Центар „Амичи“ и Општина Кочани.

Проект-програмата е дел од Годишната Програма на Министерството за култура за 2018 година, поддржано од Општина Кочани, Ротари Клуб-Кочани Виница и Компанијата Амфенол од Кочани. Координатор на проектот е библиотекар – Магдалена Кочовска-Салтирова.

 

x

Check Also

Сè уште се актуелни попустите до 50 % во Carter`s & Oshkosh, побрзајте!

Омилените модни марки за нашите бебенца и дечиња, Carter`s & Oshkosh, сè уште ...