Во „Крш“ пристигнаа забавни и едукативни друштвени игри на македонски, албански и англиски јазик

Факт е дека честото играње друштвени игри може да има поволно влијание врз когнитивниот развој и брзината на расудување на детето.

Кога детето ќе наиде на проблем за време на играта, ќе се обиде да го реши. Во почетокот, во тоа ќе му помогнат соиграчите, а со тек на време, ваквите ситуации нема да бидат пречка за него. Експертите велат дека ваквите ситуации го учат детето како рационално да ги решава потенцијалните проблеми во реалниот живот, но и дури дека друштвените игри помагаат во зголемувањето на интелигенцијата на детето.

Ако изберете игра во која соиграчите се групираат во тимови, детето ќе ја разбере важноста на меѓусебната соработка, но и на правењето компромиси. Ако сакаат да постигнат цел (во овој случај победа), децата преку игра ќе разберат дека соработката со другите членови на тимот е често единствениот начин да се стигне до целта.

И додека на малите деца (до четиригодишна возраст) честопати им попуштаме кога станува збор за друштвени игри, по петгодишна возраст децата треба да се навикнат на тоа дека е невозможно постојана да победуваат, ни во играта ни во реалниот живот. По поразот, добро е да поразговарате со вашето дете како се чувствува. А, штом вашето дете навистина разбере дека поразот е составен дел од играта и дека целта на ваквите игри не е секогаш победа, тоа ќе започне да прифаќа „порази“ во реалниот живот и ќе сфати дека работите не може секогаш да одат како што посакуваме.

На наше задоволство, во „Крш“ пристигнаа друштвени игри на македонски, албански и англиски јазик. Меѓу нив има семејни едукативни игри, забавни кои носат многу смеа, авантури со неочекуван крај, но и едукативни игри кои помагаат полесно да го совладате јазикот. 

Ние веќе си купивме, а вие одберете си ги вашите фаворити. 

Купувајте од најблиската до вас продавница „Крш“:  
Трговски центар Ramstorе mall – 1 кат, Скопје , Градски трговски центар – сутерен, Скопје , Трговски центар Зебра, Скопје
Трговски центар Сума , Куманово, Remmall, Тетово, Трговски центар Сити Центар , Гостивар, Трговски центар Skopje City Mall, Скопје , Трговски центар Capitol Mall & Residence, Скопје, Крш бебе – Веро Трговски Центар, Скопје, Трговски Центар Lisa, Скопје, Retail Park – Point Retail Park, Скопје

Грижете се за Вашето здравје и здравјето на Вашите најмили, останете дома и нарачајте онлајн.

x

Check Also

Модни парчиња од ZARA дизајнирани од вештачка кожа

Шпанската модна марка ZARA лансираше жежок тренд за есен/сима 2020 година, посветен на ...