Претставата „Еден месец на село“ ќе гостува на сцената на Црногорско народно позориште

Македонскиот народен театар со претставата „Еден месец на село“ кое е дело од врвниот книжевен опус на рускиот автор Иван Сергеевич Тургењев, а во режија на славниот италијански режисер Паоло Маџели, на 1 ноември 2019 г.  ќе гостува на сцената на Црногорско народно позориште, Подгорица, Р. Црна Гора.

 „Еден месец на село“ ќе биде изведена пред црногорската публика во ревиjалниот дел, а во рамките на затворањето на Биеналето на црногорските театри 2019 г. како и по повод прославата за Денот на Црногорскиот народен театар.

 Во овој исклучителен проект кој својата премиерна изведба ја имаше на 29-ти септември минатата година игра веќе докажаната актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Стефан Спасов, Нино Леви, Сашко Коцев, Дамјан Цветановски и Ана Стојановска.

 Во процесот на претставата соработуваа уметници меѓу кои  Катерина Коцевска, која го направи преводот и адаптацијата на текстот, Жељка Удовичиќ – драматург, Лоренцо Банчи – сценограф и Мануела Паладин – костимограф и композитор на музиката е Љупчо Константинов.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...