Louis Vuitton

Во мода се враќаат предимензионираните чанти

Огромните, предимензионирани чанти се враќаат на модната сцена и ќе бидат „маст хев“ во сезоната на потопли денови.

mango

Судејќи според пролетните колекции 2018 на луксузните модни марки кои неодамна се случуваа на модните недели во Њујорк, Милано, Париз и Лондон, големите чанти се задолжителен моден додаток за следната година.

Ваквите чанти ги наоѓаме и во најавните колекции на популарните „хај стрит“ брендови, а во понудата веќе предноста ја зедоа Манго и Зара.

zara

Со интересни дизајни, во необични форми и бои, но и со шарманти принт-решенија, погледнете за какви чанти ќе сонуваме (или носиме) напролет 2018.

x

Check Also

Нова H&M колекција за љубителите на морската атмосфера

Во екот на летната сезона, шведскиот моден гигант H&M лансираше нова колекција ...