Во новата колекција од H&M доминира принтот инспириран од тапетите

Модната мрка H&M за новата колекција која ја најавува есента 2018, ги здружи силите со британската куќа за тапети и текстил  GP & J Baker за да создаде единствени модни парчиња во кои принтот е во преден план.

Колекцијата содржи мини фустани со долги ракави, секако со впечатлив принт, костуми со принт, цветни костуми во пижама стил, макси фустани со флорален принт…Но, има и модни парчиња кои се во впечатливи бои, на пример, во трендовската боја на есента 2018, бургунди, за оние кои сакаат да го избегнат впечатливиот принт.

„Парчињата од колекцијата се женствени и впечатливи, а се дизајнирани за оние кои ја сакаат и модата и принт дизајните“, објаснува Пернила Волхфахрт, дизајн-директор на Х&М.

Погледнете каква пред-есенска сезона ни носи шветскиот моден гигант.

 

x

Check Also

Викторија Бекам виртуелно ја претстави новата колекција, гости на ревијата – само семејството

Меѓу дизајнерите кои виртуелно ги претставија своите колекции за време на модната ...