Во очекување на новата колекција на Мила Кадриу

Каталогот за Модниот викенд Скопје е во подготовка, а во очекување на модните ревии и колекциите на нашите креатори, ѕирнавме зад сцената, во Mcouture.

mila 3

Инспирацијата за новата колекција доаѓа од самата природа и нејзините убавини кои ги имаме заборавено, нагласува Кадриу

А таму, во ателјето на Мила Кадриу, се’ мириса на креативност и фантазија. На големо се подготвува новата колекција за сезоната пролет/лето 2014 која ќе биде презентирана во рамките на Модниот викенд Скопје, на почетокот на април.

Еден од моделите кои ќе бидат претставени во каталогот

Еден од моделите кои ќе бидат претставени во каталогот

mila 2

„Ревијата ќе се случува дење, на отворен простор, така одлучивме, на локацијата Хорти Експерт“, вели Кадриу и додава – „Оваа колекција се разликува од другите, лесна е и прилагодлива, доминира транспарентноста преку нагласени форми, црно-белите ткаенини преовладуваат преку шарените свили, нагласена е тантелата, украсите со пердуви и минималистичките детали“.

А ние едвај ја чекаме!

 

x

Check Also

TIME AFTER SUNSET, поглед на пролетната колекција на MASSIMO DUTTI

Малгосија Бела е лице во новата кампања на шпанската модна марка Масимо ...