Во Original Marines попуст до 50% на колекцијата есен/зима

Во Original Marines продолжуваат попустите. Не ја пропуштајте шансата да купите брендирано, италијанско модно парче со врвен квалитет и дизајн, сега на намалување до дури 50 отсто.

Децата од мали нозе треба да ги учиме на одреден животен стил. Би било добро, доколку до тинејџерските години, научат што значи правилен „дрес код“, па така ќе им помогнеме во „проблематичните години“ да не експериментираат премногу барајќи го својот стил, туку на некој начин, веќе да знаат, кои парчиња облека ним и на нивниот кракатер, најмногу им одговараат. Затоа, вие одберете ја продавницата каде треба да купувате облека за вашето дете (продавница која нуди вкусен и модерен стил и одличен квалитет на материјалите, како што е Original Marines), а потоа, кога веќе сте таму, оставете го вашето дете само да си ја одбере модната комбинација, да го одбере тоа што нему му се допаѓа, а не вам. При шопингот, може да го насочите детето во изборот на гардеробата според приликата, на пример, да му дадете до знаење дека сега треба да избере модни парчиња кои се свечени или елегантни (ако, на пример, приликата е роденден), или пак, треба да избере модни парчиња кои се „кежуал“, односно полежерни (ако е за на училиште и слично).

За полесно да се снајде во изборот, може да му покажете каталог од бреднот каде купувате и да му предложите да направи слични комбинации.

Сега, откако го знаете основното правило за шопинг со деца, забавувајте се и вие во модните избори на вашето дете, зашто така ќе откриете многу повеќе за него, а тоа пак, многу ќе научи за стилот и начинот на комбинирање облека.

Посетете ги Original Marines во Скопје Сити Мол (на втори кат) или во Капитол Мол (трети кат, во состав на продавницата „Крш“) и искористете го попустот до 50% на колекцијата есен/зима.

 

x

Check Also

Модни парчиња од ZARA дизајнирани од вештачка кожа

Шпанската модна марка ZARA лансираше жежок тренд за есен/сима 2020 година, посветен на ...