Во оваа земја секој турист мора да даде еколошка заклетва

Туризмот колку и да носи профит на малите земји, големиот број на посетители штети на еколошката рамнотежа. За да го реши овој проблем, една мала држава, поточно 13-та најмала во светот, Палау се досетила од своите туристи да бара заклетва за чување на еколошкиот рај.

Палау е островска држава во Тихиот океан, на 800 километри оддалеченост источно од Филипините и 3.200 километри на југ од Токио. Републиката Палау има 20 илјади жители, а годишно е посетена од над 160 илјади туристи. Затоа, локалната власт одлучила да воведе во својата законска регулатива – полагање заклетва. Имено, секој патник кој доаѓа во Палау во својот пасош добива отпечатена заклетва која мора да ја потпише пред да му се одобри влезот во земјата. Во таа заклетва пишува – „Ја потпишувам оваа заклетва дека ќе ја чувам и штитам вашата прекрасна и единствена земја. Се колнам дека овој остров ќе го третирам како богатство и ќе го истражувам со свест. Нема да земам ништо што не ми треба. Нема да му напакостам на оној кој не ми пакости мене. Единствени отисоци кои ќе ги оставам ќе бидат оние кои ќе се исперат.“

Палау е прва земја во светот која во својот закон вовела ваква заклетва. Заклетвата се темели на долгогодишно настојување да се запре претераното уништување и искористување на природните ресурси.

x

Check Also

Еве кој град е прогласен за најдобар град во светот

Листата се базира на податоци кои се собрани во текот на изминатата ...