Амстердам

Во овие градови патувајте безгрижно (листа на најсигурни градови за патување)

Сите оние кои на патувањата пред се сакаат сигурност, би требале да почнат да размислуваат за годишен одмор поминат на истокот и на југот на азијскиот континент. Според новото истражување три најсигурни градови во светот се Токио, Сингапур и Осака.

Истражувањето спроведено од „Економист Интелиџенс Јунит“ опфатило 60 различни популарни дестинации за патување низ светот. Во анализата за сигурност биле вклучени факторите како степен на криминалитет, сигурност на патиштата, дигитална сигурност и квалитет на здравствениот систем.

Главниот град на Јапонија, според овие критериуми и степенот на сигурност кој го нуди за патниците, е високо на првото место. Сингапур и Осака пак, се наоѓаат на второто и третото место. Од европските градови Амстердам е на шестото место, Стокхолм е на осмото место, Цирих е 10-ти, а Лондон 12-ти.

Од американските градови најсигурен за патување е Сан Франциско (15-ти на листата), додека Њујорк се најде на 21-то место.

 

x

Check Also

Пет најубави базени со прекрасен панорамски поглед

Луксузните хотели се обидуваат на секаков начин да им удоволат на своите ...