Во PARFOIS најдовме фенси еспадрили

Удобни се и ретро, а оваа сезона украсени се со впечатливи детаљи.

еспадрили Parfois лето 2018

Мала приказна за еспадрилите

Еспадрилите потекнуваат од Шпанија од 14.век, традиционалните еспадрили биле во црна боја за секој ден, додека белите биле за празници и свечени пригоди. Селаните традиционално ги изработувале од дебела морска трева, а ги носеле и мажите и жените заврзани за глуждот. На ист начин ги носеа и Софија Лорен, Лорен Бекол и Џеки Кенеди.

Лорен Бекол ги внесе на голема врата во светската мода, носејќи ги во филмот на Џон Хјустон „Островото Ларго“. Големото враќање повторно го доживеаа триесетина години подоцна, благодарение на Дон Џонсон и серијата „Пороците на Мајами“.

Со текот на годините се усовршуваа, а во нивната удобност и едноставност уживаа и Грејс Кели, Пабло Пикасо, Салвадор Дали, Џек Никлсон и многу други.

Во 20 век во модните кругови ги популазризираше Ив Сен Лоран кој првпат ги претстави во својата колекција наменета за летување во 1960 година во Париз. И имаа потпетица. Подоцна ги гледавме во  најразлични форми и уникатни примероци во летните колекции на Жан Пол Готје, Пол Смит и Карл Лагерфилд.

Во тренд се враќаа преку неколку години, но за некои пак тие никогаш не излегуваа од мода. Околу 80 отсто од вкупното производство на еспадрили се произведуваат во Бангладеш, Шпанија, Италија и Франција.

Летово еспадрилите се повторно „маст хев“. Можат да бидат брендирани или „индустриски“, а по достапна цена оваа сезона можат да се купат и во PARFOIS.

Погледнете го нашиот избор на еспадрили „маст хев“ за лето 2018 од PARFOIS.

 

x

Check Also

Топ 10 цветни фустанчиња од популарните модни марки

Ако сте во потрага по лесно, летно фустанче со цветен принт, еве ...