Во PARFOIS најдовме супер модели на очила за сонце (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тргнавме во потрага на фенси очила за сонце со рамки во форма на срце – очила кои се секогаш забавни за носење, а прикладни и за Денот на вљубените. Не треба да спомнуваме колку се фенси, пак, за на плажа, во комбинација со подеднакво забавен или трендовски костим за капење.

Баш онакви какви што претходно ги имавме замислено, ги најдовме во новата колекција на PARFOIS.

Но веќе кога сме нурнати во излогот на оваа популарна марка, повеќе од новите модели ни го привлекоа вниманието. Предност им даваме на очилата со бели рамки, очилата со стакла во сина или виолетова нијанса, како и на мачкестите дизајни на рамките. Со оглед на тоа што цената им е супер, може да си дозволиме и два или повеќе модели.

Во фотогалеријата се нашите фаворити за пролет/лето 2019.

Новата колекција на очила за сонце за пролет/лето 2019 е достапна во продажба во PARFOIS, како и на официјалната шопинг страница на Фешн Груп – ТУКА.

x

Check Also

Чевли и сандали со високи потпетици од пролетната колекција на Guess

Познато е дека чевлите од Guess се синоним за женственост и сексапилност, а истите ...