ВО ПЕТОК LATE NIGHT SHOPPING ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ, НАСТАН КОЈ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРОПУШТИ!

Традиционално, но и иновативно и оваа година, Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping кој ќе се одржува викендов од 5 до 7 јули. На овој тридневен настан сите посетители ќе имаат можност да уживаат во несекојдневно купување до полноќ, со огромни попусти во повеќе од 120 локали. Оваа година Скопје Сити Мол заедно со Групер ќе го спојат онлајн и офлајн шопингот на едно место! Продавниците Ве очекуваат со огромна понуда, а Групер е тука да обезбеди супер зделки за голем дел од продавниците!

Покрај шопингот со голем попуст, посетителите ќе можат да се опуштат со женската спортска програма органзирана од NIKE на платото пред Скопје Сити Мол.

За веселата и разиграна атмосфера низ ходниците ќе се погрижат неколку скопски урбани бендови. А за најмалите и тинејџерите имаме гостување и мит ап со GP!

Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња по намалени цени.

Како и секоја година побторно омилениот летен шопинг настан на нашите посетители е тука! А ние знаеме дека секој од вас некогаш немал доволно време за сѐ да разгледате и да проба, а уште повеќе кога има огромни попусти на омилените брендови? Токму тоа е „Late night shopping“, викенд со смеа, забава, музика и весело летно расположение,а вие ќе можете да купувате сѐ до полноќ!  Ова е најголемиот настан на Скопје Сити Мол во летниот период, настан кадешто шопингот е во друга димензија, а забавата е загарантирана.“ – велат организаторите.

Целосната листа на попусти и информации можете да ги погледнете од 03.07.2019 на http://skopjecitymall.mk/lns2019.

x

Check Also

„Светски ден на Вранецот“ ќе се одржи во Скопје на 5 октомври

Првиот „Светски ден на Вранецот“ ќе се одржи во Скопје на 5 ...