Во пресрет на летото: Пролетта како најадекватен период за започнување со физичка активност

Било кој период од годината е совршен за започнување со физичка активност меѓутоа пролетта е вистинско време за будење од зимскиот сон и самосвест, за тоа во каква состојба се наоѓа нашето тело. Вежбањето е одличен начин, да се чуствуваме подобро во корист на нашето здравје, а воедно нуди и одлична забава, подобрување на расположението, како и квалитетот на целокупниот живот.

Пишува: Маја Талевска, инструктор по пилатес и прв лиценциран Antigravity инструктор во Македонија

Маја Талевска

Пред се вежбањето ја контролира телесната тежина и го спречува наталожувањето на вишокот килограми а со тоа придонесува и за намалување на телесната тежина. Кога се занимаваме со физичка активност несомнено трошиме калории, и се ослободуваме од вишокот на течности во организмот, преку потта, што значи телото се регенерира и ги исфрла токсините наталожени од штетните влијанија во текот на денот. Во зависност од тоа колкав е интензитетот на вежбањето, согорувањето на калории е поголемо. Еден час вежбање во денот или било каква физичка активност ни одзема само околу 4% од нашиот ден, а за возврат добиваме многу повеќе. Вежбањето не го менува само нашето тело, го менува нашиот ум, нашиот став и нашето расположение. Што значи дека секој може да одвои мал дел во денот што ќе го користи во служба на своето здравје.

Вежбањето го подобрува расположението

На сите ни е потребен период на релаксација и рекреација по напорниот работен ден. Вежбањето пилатес или 30 минутна прошетка во природа, може да помогне да ги избегнеме стресните ситуации со кои се соочуваме во текот на денот. Физичката активност стимулира различни хемиски супстанции во мозокот кои може да доведат до благопријатно чуство на среќа, полесно справување со стресните ситуации и ослободување од напнатоста.  Доколку имаме високо мислење за себе, и сме задоволни од сопственото тело, се чуствуваме удобно во своја кожа, и останатите не доживуваат како луѓе со голема самодоверба.

Вежбањето се бори и поротив здравствените состојби и болести

Со вежбањето се придонесува липопротеин или висока густина на добриот холестерол а ги намалува триглицеридите. Благодарение на тоа нашиот кардиоваскуларен систем функционира многу подобро и е во постојан баланс. Физичката активност превенира и врши еден вид на контола на многу здравствени проблеми вклучувајќи ја депресијата, дијабетис тип 2, артритис, одредени врсти на карцином, мозочен удар итн.

Вежбањето ја зголемува енергијата

Честопати се чуствуваме исцрпено по напорниот ден и домашните обврски околу домот. Редовната физичка активност ги зајакнува нашите мускули и ја зголемува издржливоста. Преку физичката активност ткивата се снабдуваат со доволно количество на кислород и хранливи материи така што нашиот кардоваскуларен систем функсионира многу поефикасно, што придинесува за полесно справување со секојдневните обврски и зголемување на повеќе енергија во текот на денот.

Вежбањето придонесува за мирен и квалитетен сон

Доколку имате проблеми со несоница или повремено будење во текот на ноќта, редовната физичка активност, може да ни помогне побрзо да заспиеме, и да потонеме во мирен и длабок сон. Најчесто доколку имаме време, најдобро е активноста да ја обавуваме рано наутро, бидејќи се вели дека луѓето кои стануваат рано и се ранобудници се најчесто слаби и немаат проблеми со вишокот на килограми. Меѓутоа секој од нас има различен биоритам и дневен распоред, но доколку рано наутро започнете со физичка активност, ќе имаме енергија во текот на целиот ден, а и помала е веројатноста да го избегнете предвидениот тренинг, или да го замените распоредот. Во секој случај избегнуваје вежби непосредно пред спиење, затоа што може да сеслучи да имате премногу енергија и чуство на вознемиреност пред да заспиете.

Вежбањето го подобрува сексуалниот живот

Честопати се случува да сме премногу уморни или излезени од форма за да се опуштиме и уживаме во физичката интимност. Со редовната физичка активност, се регенерира телото што подеднакво придонесува и кај жените и кај мажите да се зголеми желбата за почести интимни контакти.

Вежбањето како забава

Забавен начин за корисно потрошено време. Доколку се занимаваме со активности кои не прават среќни, физичката активност може да стане дополнтелна можност да се зближиме со семејството, како на пример групно возење велосипед, да се зближиме со пријателите, еден вид на социјализација и запознавање на нови луѓе и пријателства. Поради тоа во текот на часовите по пилатес знам да изненадам со вежби во парови кои овозможуваат поголема мотивација и поддршка помеѓу членовите во групата, создавајќи чуство на поголема издржливост, меѓусебен баланс и рамнотежа во изведувањето на вежбите. Честопати знае да се јави и позитивен натпреварувачки набој во смисла на издржливоста или бројот на повторувања.  Се мисли на (кој повеќе ќе издржи, кој е поспремен ) J Секој од нас треба да си пронајде физичка активност во која ужива и не прави потполно среќни. Дололку ви стане здодевно секогаш има опција да пробате нешто ново кое ќе успее одново да го задржи вашето внимание и претставува голем предизвик за вас.

Body Concept се наоѓа на ул.Истарска бр.33 (позади Олимписки базен). Повеќе информации – ТУКА.

 

 

 

x

Check Also

Викендов се одржа четвртото издание на најголемиот настан за здрав и активен животен стил

На големо задоволство на јавноста, викендов се одржа четвртото издание на Health, ...