Во прв ред на Лондонската модна недела? Отсега е можно, билетите се пуштени во продажба

Да се биде во првиот ред на Лондонската модна недела? Од септември тоа ќе биде можно: билетите за ревиите на колекциите дизајнирани за пролет/лето 2020 кои се претставуваат на престижниот London Fashion Week, ќе можат да се купат.

Лондонската модна недела ќе се одржи од 13-ти до 17-ти септември, а за првпат по 35 години, љубителите на модата ќе можат да присуствуваат на настанот со купување на билети, и ќе имаат можност да седат во првиот ред, заедно со познатите личности, уредниците и дизајнерите.

Но, како тоа ќе функционира? И каде да се купат билети? Еве што треба да знаете.

До сега, љубителите на модата можеа да купат билети и да присуствуваат само на London Fashion Week Festival. Од сега пак, ќе може да присуствуваат на ревиите на популарните модни дизајнери. Билетите се веќе пуштени во продажба по цени од 135 фунти за „стандард“ седиште до 245 фунти за седиштата во првиот ред.

Овој септември, ќе бидат отврени за јавноста која сака да си купи билет, 6 ревиии, кои ќе се одржуваат од сабота, 14ти септември, до недела 15ти септември.

Билет може да се купи на официјалната страница на London Fashion Week.

x

Check Also

Тејлор Хил и сестра ѝ позираат во новогодишната кампања на Polo Ralph Lauren

Моделката и ангел на Викторија сикрет е една од лицата на празничната ...