Јана Бурческа на настапот на Евросонг ќе носи креација од модната дизајнерка Антонија Ристовска. Станува збор за црн мини комбинезон со реси.
„Навистина е голем предизвик за мене да креирам костим за настап на грандиозната сцена како што е Евросонгот. Моја олеснителна околност е што со Јана соработуваме неколку години наназад за нејзини сценски настапи и го знам нејзиниот „сенс“ и карактер. И двета бевме со став дека со креацијата ќе ги нагласиме сите нејзини атрибути. Инаку костимографијата на Јана е инспирирана од нејзиниот млад дух,од кореографијата на песната,од сцената и секако духот на Евровизијата.Кога ја слушнав песната, ритамот,кореографијата ја гледав Јана во креација со нагласена силуета, како цврсто и одлучно гази на сцената. Креација во која ке има слободни движења на сцената и да биде минималистичка. Ја одбрав црната боја во комбинација со сребрена боја која асоцира на модернзам, со футуристицки призвук. Креацијата е мини комбинезон збогатен со светкави реси од мониста“, објаснува дизајнерката Ристовска.