Во соработка со LVMH: Лимитирана едиција на Ферари шампањ

Познатата автомобилска куќа Ферари лансираше 20 сета составени од три шишиња луксузен шампањ во соработка со LVMH.

Трите шишиња се дизајнирани во чест на трите девизи на Ферари: уметност на трката и највисоко ниво на перформанс, визија за иднината и ексклузивност и елеганција.

Секое шише шампањ е декорирано со кожа која се користи за ентериерите на Ферари автомобилите, а дрвените кутиите во кои се спакувани шишињата се рачно изработени.

Само еден сет е ставен на продажба, односно на аукција, и се очекува да достигне минимум вредност од 10.000 долари. Аукцијата завршува на 12 август, а приходот од продажбата ќе оди за поддршка на Советот на модни дизајнери во САД.

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...