Во срцето на Скопје се одржа CR-SK-20

Потребен е континуиран развој на силни културни креативни индустрии во земјава, кои треба да го поттикнат локалниот развој и да ја промовираат разноликоста на културното изразување. Токму во срцето на Скопје, во гастротека Сиеста, се одржа Креативно Скопје 2020, настан на кој имаше изложба на креативни фотографии од главниот град на кретивците Моника Муличковска, Алмедина Реџепи, Сашко Јанакиев, Виктор Јовановски, Моника Потер, како и презентација на краток филм на Гоце Трајковски од ФДУ, изложба на накит од Артизани на Кристина Мауровска Темкова, сето тоа зачинето со музиката на диџеј Макиз.

„Согласно Стратегија за унапредување и развој на креативните индустрии, потребна е комплетно изразување на креативците и нивна видливост. Од таму потребата за Creative Skopje 2020. За настанот во сегментот креативните индустрии сакаме да направиме отворен повик до сите креативци од областа на архитектурата, дизајнот, моден дизајн, музика, театар, филм и телевизија, занаетчиство и да имаат спој на отворен базар за сите посетители. Ги охрабруваме сите креативци да се вклучат на нашата платформа на инстаграм Creative Skopje 2020“ велат организаторите.

Преку настанот организаторите ги поттикнуваат креативците да размислуваат отворено и своите дела да ги презентираат пред посетителите, настан во кој сите си дадоа поддршка и имаа креативна синергија.

Креативно Скопје овозможи на сите креативци и понатаму да имаат можност да се вмрежуваат и да ги претстават своите проекти преку Instagram платформата Creative Skopje 2020. Проектот е поддржан од Министерство за култура на Северна Македонија.

x

Check Also

Што чита Кејт Мидлтон во периодот на изолација?

За време на корона-деновите, од официјалната Инстаграм страница на Палатата Кенсингтон, беше ...