Во тренд: кафулиња и слаткарници за домашни миленици

Се почесто се отвораат во светските метрополи „слаткарници“ за кучиња и мачки. Овојпат на ред е Њујорк кој во следните четири дена во кафулето резервирано за мачки наречено Пурина кет кафе организира вистинска „кет-ачино“ забава за мачки.

macka 234

Освен дегустација на специјалитетот од млеко наречен „кет-ачино“ и специјални колачиња, мачките ќе добијат и третмани за убавина. Сопствениците ќе можат да разменуваат искуства за своите домашни миленици додека овие се дружат и забавуваат во кафулето, а дополнително ќе бидат понудени и серија на предавања за нега и здрава исхрана на мачки, како и гастрономски демонстрации од страна на експерти.

Гостите на ова кафуле ќе имаат можност и да научат како да изградат правилен однос со своите домашни миленици во домашен амбиент.

macki 567

 

 

 

Вотекот на четиридневниот настан, гостите кои сакаат да си набават мачка ќе можат да ја одберат од понудените во кафулето и се разбира, по едукацијата и по настанот, да си ја одведат дома.

Инаку овој концепт на дружење е веќе познат во Азија, а од годинава започна да се шири низ Европа. За првпат се префрла и во САД, а од Њујорк истиот настан ќе продолжи низ другите поголеми градови.

 

x

Check Also

Неделен хороскоп (9. до 15. декември): Топ знаци на неделата – Стрелец, Бик и Лав

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Стрeлец, одлични вести ги ...