Во тренд: Ренџерс чизмите на Сен Лоран (ФОТО)

Од колекцијата есен/зима 2013/2014 година на марката Ив Сен Лоран најголема врева кренаа чизмите во рокерски стил, наречени Ренџерс.

цизми 3

Помалку во мотоциклистички стил, рокерските чизми на Сен Лоран станаа „маст хев“ меѓу трендсетерите. Металните копчиња и кожените ремени како апликации,  додаваат гладијаторскиот изглед.

цизми 1

Можеби, за нивната молскавична промоција придонесе и топ-моделот Наталија Водјанова која позираше за оваа кампања, па ни покажа како се комбинираат чизмите Ренџерс и со поелегантна гардероба, па се добива еден рок-шик стил.

цизми 4

Можете да ги носите со кожени панталони, со здолништа, со мрежасти додатоци, со мини-фустани, а можете да ги комбинирате и со костим со машки крој.

Е сега, да, чинат цели 995 евра, а достапни се во сите бутици на Сен Лоран низ светот.

x

Check Also

Домашната платежна картичка може да се користи и за попустите на Grouper

Сите купувачи, љубители на онлјна шопинг и попусти ќе може да ја ...