Водич за експресен шопинг во Барселона со сите попусти (ФОТО+ВИДЕО)

На околу 40 минути со автобус од центарот на Барселона се наоѓа Ла Рока вилиџ, царството на марките кои се нудат со огромни попусти.

roca  4

Брзо и едноставно се стигнува до ова место кое изобилува од бутици. Автобусот Ла Рока вилиџ експрес шопинг поаѓа од плоштадот Каталонија и за помалку од 40-тина минути сте веќе во царството на шопингот со попусти!

roca 6

Над 100 дизајнерски бутици се тука, на едно место, а гардеробата се нуди со попусти и повеќе од 60 отсто. Се разбира, попустите важат во текот на целата година, без разлика во кое (годишно) време ќе се најдете во Ла Рока вилиџ.

roca 5

roca 3

Ако сте вљубени во модата, ваквото патување ќе ви дојде како вистинско уживање. Луксузот е присутен насекаде. Националните шпански марки, како и прочуените интернационални, од аутлетот на Армани преку Фурла до Сваровски, Таг Хоиер, Тимберленд, Томи Хилфигер, Најк, Дизел, Ескада…Густо Барселона!

roca 2

roca 1

Вреди  за секоја потрошена паричка.

 

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...